НЛБ Тутунска банка е прогласена за најдобра банка во Македонија за 2013 година од страна на угледниот финансиски магазин „Банкер“. На свечената церемонија во Лондон беа доделени глобалните и регионалните награди за најдобрите во банкарството во 2013 година. Наградата за најдобрите банки се базира на постигнати финансиски резултати во услови на нови глобални регулативи, засилена конкуренција и намалена економска активност во повеќето земји. НЛБ Тутунска банка во 2012 година оствари добивка од 8,1 милион евра или 10 отсто поврат на капиталот. Банката покажа исклучително висока стабилност во услови на зголемени ризици во банкарскиот сектор што се должи на долгогодишната стратегија на реален раст на банката. Во 2013 година, НЛБ Тутунска банка започна нова пазарна иницијатива со која се иницира нов инвестициски циклус кај претпријатијата и кај населението.
НЛБ Тутунска банка е прогласена за најдобра банка во Македонија за 2013 година од страна на угледниот финансиски магазин „Банкер“.
На свечената церемонија во Лондон беа доделени глобалните и регионалните награди за најдобрите во банкарството во 2013 година.
Наградата за најдобрите банки се базира на постигнати финансиски резултати во услови на нови глобални регулативи, засилена конкуренција и намалена економска активност во повеќето земји.
„НЛБ Тутунска банка во 2012 година оствари добивка од 8,1 милион евра или 10 отсто поврат на капиталот. Банката покажа исклучително висока стабилност во услови на зголемени ризици во банкарскиот сектор што се должи на долгогодишната стратегија на реален раст на банката.
Во 2013 година, НЛБ Тутунска банка започна нова пазарна иницијатива со која се иницира нов инвестициски циклус кај претпријатијата и кај населението“, се вели во соопштението од банката.